Регистрирај се и продолжи со купување!
Каква новогодишна авантура! Неверојатна, возбудлива и како и секогаш - непредвидлива! Биби и Боби патуваат со снешкото Гого кон Снешковград за таму да ја пречекаат Новата година. Но, Снешковград е пуст и тивок. Каде се сите снешковци? Зошто никој не ја прославува Новата година? Прочитајте ја оваа возбудлива новогодишна сказна за да дознаете.
Овој сет содржи: сликовница „Звуците на Новата година “ и дополнително карти „Меморија“ со главните ликови, Ох, што се случува со звуците на Новата година? Зошто ниедна мелодија не е како што треба и зошто се испревртени зборовите во сите песни на светот. На светот? Подобро речете – во целата бесконечна вселена. Но, ако мислевте дека нема кој да го реши проблемот – погрешивте. Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз, роботчето Р1, но и мистериозните чувари на Заз се обединуваат да ја спасат ЦЕЛАТА МУЗИКА ВО УНИВЕРЗУМОТ. Прочитајте во сликовницата „Звуците на Новата година“.
Тоа беше прекрасен и шарен ден. Да, шарен бидејќи Волшебната шума беше полна со цвеќиња во разни бои. Имаше црвени, портокалови, розови и моите омилени − жолти. Совршен ден за криенка. Јас, Боби, мрзливецот и Лео, додека се криевме, најдовме нешто неочекувано... возбудено раскажуваше Биби.