Регистрирај се и продолжи со купување!
Ако сакате да го израдувате вашето дете или да подарите убав подарок за роденден, ви предлагаме вашиот избор да бидe играчка со ликот на добрата вештерка Филимена. Кадифените кукли од „Светот на Биби“ се први македонски кукли во сериско производство.
Новогодишна честитка + стикери. Украси ја елката и испрати ја на твоите пријатели. Испорака од 14 декември
„Читанката на Биби” е наменета за различни возрасти. За најмалечките - на кои би им читале родителите, бабите или дедовците, како и за оние од училишна возраст кои ќе ги научат буквите и ќе ги совладаат текстовите од „Букварот на Биби”. Тие ќе бидат подготвени да продолжат со текстовите и задачите што ќе ги најдат низ страниците на оваа читанка.
Убав, летен ден во волшебната шума. Птиците црцореа, пеперутките летаа, зајачињата играа криенка... 🐇🐇🐇 Но, каков е тој звук? Дали доаѓа од она големо дрво? - Хе хеу! Успеавмееее! - од крошната на дрвото се слушна гласот на Боби. - Јееј! Куќичката на дрво е готова! - веднаш по него допре и гласот на Биби
Овој сет содржи: сликовница „Звуците на Новата година “ и дополнително карти „Меморија“ со главните ликови, Ох, што се случува со звуците на Новата година? Зошто ниедна мелодија не е како што треба и зошто се испревртени зборовите во сите песни на светот. На светот? Подобро речете – во целата бесконечна вселена. Но, ако мислевте дека нема кој да го реши проблемот – погрешивте. Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз, роботчето Р1, но и мистериозните чувари на Заз се обединуваат да ја спасат ЦЕЛАТА МУЗИКА ВО УНИВЕРЗУМОТ. Прочитајте во сликовницата „Звуците на Новата година“.
Весела картонска сликовница наменета за најмалите дечиња преку која ќе се запознаат и ќе ги научат првите поими од опкружувањето. 24 страници, димензија 19.5x19.5 см.
Filter by:
Clear All