Значи, другарчиња, Боби си читал сликовница во собата, но кога снемало струја, наеднаш станал и погледнал пред себе. 👀 На подот си ја видел сенката и многу се зачудил! Па како може ноќе да има сенка?!. си рекол, нели само Сонцето и светилките прават сенки? Се свртил и ја видел Месечината на небото. Но, како може Месечината толку да свети, се запрашал. 🌖🌗🌘🌔
Биби и Боби го поминуваат зимскиот распуст на планина: се скијаат, се санкаат и играат во снегот. Но, откако ќе откријат пештера скриена во снегот, почнува нивната неверојатна авантура - во скриениот град Мразилово каде што ги чекаат необичните жители, но и некои стари пријатели...
Биби, Боби наоѓаат пештера на волшебната планина. Веќе ја знаете оваа приказна? Но, еве едно изненадување: пештерата не е пештера, туку рудник, а во него живее осамено, ископувајќи скапоцени камења, џуџето Џемаил. Што ќе се случи понатаму, ќе прочитате во оваа сказна.