Регистрирај се и продолжи со купување!
Ако сакате да го израдувате вашето дете или да подарите убав подарок за роденден, ви предлагаме вашиот избор да бидe играчка со ликот на кученцето Куки. Кадифените кукли од „Светот на Биби“ се први македонски кукли во сериско производство.
Кружна сложувалка 48х48 см со 20 парчиња. Оваа џиновска сложувалка со големи парчиња е наменета за помали деца. Составувањето на ликовите од „Светот на Биби“ е одлична вежба за развивање фантазија, логика и моторика; Формат на кутија: 20 х 20 х 4 сm
Во Волшебната Шума се вселуваат нови жители: Медо Штедо и Медена. Биби и Боби одат да ги посетат и -добиваат корисни совети како да заштедат за да ги остварат своите соништа. Боби учи како да си постави цели за штедење и како да не ги троши сите парички на слатки задоволства и непотребни играчки, па заедно со Биби, паричка по паричка, успеваат да заштедат за убави и корисни работи!
Беше ноќ пред Нова година. Надвор вееше снег. Биби и Боби внимателно ја слушаа мама Ана додека им читаше една сказна. Сказната за Снежната кралица. – Се зборува дека далеку на север, онаму каде што нема ништо освен пусти снежни пространства, во град направен од снег и мраз – живее Снежната кралица. Таа е многу убава, но нејзиното срце е направено од коцка мраз. Затоа таа не сака никого и не се грижи за ништо на овој свет. Но, понекогаш се чувствува осаменa во големиот леден град. Тогаш таа знае да маѓепса понекој човек, или дете, и да го земе со себе... Формат: 22 х 22 см. Тврда корица - 44 страници
Започнете го вашето патување со Биби и Боби. Овој албум не е само за собирање сликички, туку за доживување вистинска авантура! Ќе треба да ги истражувате сите авантури на Биби и Боби и да ги соберете специјалните сликички што ќе ве водат низ светот на фантазијата! Сите што ќе го пополнат албумот ќе добијаат незаборавен подарок - ПЕРСОНАЛИЗИРАНА СЛИКОВНИЦА.
Filter by:
Clear All