Во оваа сликовница нашата хероина Биби се запознава со џиновите, на кои несомнено им е потребна нејзината помош. Таа ги учи своите нови пријатели дека перењето, чистењето, раскревањето, но и грижата за личната хигиена се активности што не смеат да се избегнуваат, без разлика на полот, ниту возрастта. Во сликовницата се вклучени и голем број забавни активности.
Летна авантура на брегот на Охридското Езеро. Биби и Боби ја запознаваат својата нова другарка Деси и заедно откриваат нови начини за забавување и уживање. Врр навака - вррр натака, тие пловат по водите на езерото. Нашите херои пронаоѓаат решение како Деси повеќе да не мора да се крие во длабочините на езерото и повикуваат пријателка на помош за да го спроведат својот план. Волшебната шумичка станува побогата за уште еден жител, а и игрите стануваат позабавни. Во сликовницата се вклучени голем број забавни активности.
Комбинација од прирачник за правилно добивање и користење на боите и место каде децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Сказните на Биби“.
Си беше еднаш еден змеј… но каков змеј? Страшен и лош или сладок и добар? Иако најдобри другари, Биби и Боби не можат да се согласат околу многу нешта (а особено околу тоа какви се змејовите во сказните). Тие дури и почнуваат да се караат, сè додека заедно не раскажат една волшебна, прекрасна, возбудлива сказна…