Регистрирај се и продолжи со купување!
Весела, картонска сликовница наменета за најмалите дечиња од која ќе ги научат питомите животни од различни краеви на светот.
Времето за заспивање може да биде еден од најдобрите моменти од денот со нашите најмили. 😴 Гушкајќи се со нив, може заедно да уживаме во приказната, па задоволно да ги набљудуваме како полетуваат во земјата на соништата. 💫 Но, постојат и оние „други“ ноќи, кога децата воопшто не се уморни, одбиваат да заспијат, бараат уште малку време. Ние, во #СветотНаБиби сакаме да го направиме полесно заспивањето. Овие две збирки сказни се наша препорака за читање пред спиење. Нивната намена е да дејствуваат приспивно и да им помагаат на децата побрзо и полесно да заспиваат. 💫
Оваа книга со забавни и креативни активности преку која ке ги научиш броевите од 1 до 10.
Запознај го Зази! Едиција од картонски книги наменети за нашите најмали обожаватели.
Беше ноќ пред Нова година. Надвор вееше снег. Биби и Боби внимателно ја слушаа мама Ана додека им читаше една сказна. Сказната за Снежната кралица. – Се зборува дека далеку на север, онаму каде што нема ништо освен пусти снежни пространства, во град направен од снег и мраз – живее Снежната кралица. Таа е многу убава, но нејзиното срце е направено од коцка мраз. Затоа таа не сака никого и не се грижи за ништо на овој свет. Но, понекогаш се чувствува осаменa во големиот леден град. Тогаш таа знае да маѓепса понекој човек, или дете, и да го земе со себе... Формат: 22 х 22 см. Тврда корица - 44 страници