Биби и Боби тргнуваат во чудесна авантура - ќе одат на гости кај диносаурусот Даро. Но, понекогаш работите не се одвиваат така како што планираме...
Што се случува со скриената долина? Зошто се загрижени еднорозите? Ооо, божилакот кој секогаш стоел над големиот водопад во скриената долина е украден! Биби, Боби и Алфеј поаѓаат на чудно подземно патување - за да ја решат мистеријата на украдениот божилак. А какви изненадувања ги очекуваат и каде ќе стигнат - ќе прочитате во оваа приказна...
Возбудлива прошетка на Биби и Боби во шумата. Нашите другарчиња ќе нѐ научат да бидеме внимателни, да си помагаме кога е потребно, но и да бидеме умерени. Никогаш не земајте го она што не е ваше без да прашате - вели Биби. Тоа може да ви донесе непријатности како на Боби. Во сликовницата се вклучени и голем број интересни активности.
Убав сончев ден во волшебната шума. Деси се брка со шарените риби и водни змии во малото шумско езерце. Нуркајќи во длабочината, таа наоѓа голем и преубав бисер во една џиновска школка. Деси одлучува да го зачува бисерот за себе, но... одеднаш сè се смрачува, а во езерцето се креваат големи бранови! За среќа, тука се Биби и Боби да помогнат... а што се случува потоа – ќе дознаете во оваа сликовница.