Дедо Мраз од Заз безгрижно оди Земјата, незнаејќи дека го демнат лошите пирати...
Животните во шумата се во потрага по некого: „Каде е неговото величество? Сте го виделе ли некаде?“ - мрморат додека талкаат по шумата. „Кого ли го бараат?“ - се прашуваат Биби и Боби и се придружуваат во потрагата по најнеобичниот крал на животните што постои. Зошто и како - ќе откриете во оваа сказна.
Биби и Боби го поминуваат зимскиот распуст на планина: се скијаат, се санкаат и играат во снегот. Но, откако ќе откријат пештера скриена во снегот, почнува нивната неверојатна авантура - во скриениот град Мразилово каде што ги чекаат необичните жители, но и некои стари пријатели...