Што се случува со скриената долина? Зошто се загрижени еднорозите? Ооо, божилакот кој секогаш стоел над големиот водопад во скриената долина е украден! Биби, Боби и Алфеј поаѓаат на чудно подземно патување - за да ја решат мистеријата на украдениот божилак. А какви изненадувања ги очекуваат и каде ќе стигнат - ќе прочитате во оваа приказна...
Ловецот по најкраткиот пат поита низ шумата, дојде до дувлото на волкот, па пред самиот влез постави една гооолема стапица. Тогаш го преправи гласот и викна: - Волку, излези, јас сум, Биби. Волкот, не насетувајќи ништо, излезе од дувлото и ….
Возбудлива прошетка на Биби и Боби во шумата. Нашите другарчиња ќе нѐ научат да бидеме внимателни, да си помагаме кога е потребно, но и да бидеме умерени. Никогаш не земајте го она што не е ваше без да прашате - вели Биби. Тоа може да ви донесе непријатности како на Боби. Во сликовницата се вклучени и голем број интересни активности.