Регистрирај се и продолжи со купување!
Производи од „Светот на Биби“ препорачани за деца од 5 до 7 години
Животните во шумата се во потрага по некого: „Каде е неговото величество? Сте го виделе ли некаде?“ - мрморат додека талкаат по шумата. „Кого ли го бараат?“ - се прашуваат Биби и Боби и се придружуваат во потрагата по најнеобичниот крал на животните што постои. Зошто и како - ќе откриете во оваа сказна.
Прекрасна, волшебна, снежна авантура на Биби, Боби и еден неверојатен, фантастичен, односно снешкастичен - снешко! А зошто е толку снешкастичен, ќе откриете читајќи ја оваа сказна.
Вештерката се врати во волшебната шума! И, овој пат таа не е сама, има и помошничка - една мала вештерка по име Фи, која никако не умее да направи лоша магија.
Биби, Боби. зазулчињата и Р1 летаа низ порталот. Каде ли ќе стигнат? Оооооо....Уууууу....Зззззз... Би-бип-бип-бип! И одеднаш... Тие се на една голема пустинска планета со црвен песок... - Хммм, каде ли дојдовме? Во некоја чудна пустина...- се прашуваше Биби. ...
Книга за најубавите места во Македонија + планер за патување. Многу се радувам што ќе ви раскажувам за сите места што ги сакам, во мојот роден град Скопје, во неговата околина и низ цела Македонија 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 Да, токму така, ова е книга за моите омилени места! 💖
Специјално припремена пишуванка наменета да се олесни процесот на учење преку примери од зборчиња кои децата веќе ги знаат од содржините на „Светот на Биби“. Нашата сезнајка им дава можност на дечињата заедно да ги пишуваат зборовите во почетокот, но потоа ги осамостојува тоа да го прават и сами.
Filter by:
Clear All