Регистрирај се и продолжи со купување!
Едно палаво гостинче ќе ѝ дојде на Биби во посета. Таа е возбудена и сака заедно со Боби да му покаже што се прави додека е дома. Но, гостинот е немирко и не знае да се однесува убаво. Да не ве потсетува ова однесување на некого? Па, да, тоа е диносаурусчето Даро! Јееј!
Биби и Боби заедно со Фи и Бу тргнаа во магична пролетна авантура. Тие се тим што има многу важна мисија. Ќе успеат ли да ја победат лошата вештерка и да ја вратат пролетта во преубавиот Галичник.
Прекрасна, волшебна, снежна авантура на Биби, Боби и еден неверојатен, фантастичен, односно снешкастичен - снешко! А зошто е толку снешкастичен, ќе откриете читајќи ја оваа сказна.
Вештерката се врати во волшебната шума! И, овој пат таа не е сама, има и помошничка - една мала вештерка по име Фи, која никако не умее да направи лоша магија.
Биби, Боби. зазулчињата и Р1 летаа низ порталот. Каде ли ќе стигнат? Оооооо....Уууууу....Зззззз... Би-бип-бип-бип! И одеднаш... Тие се на една голема пустинска планета со црвен песок... - Хммм, каде ли дојдовме? Во некоја чудна пустина...- се прашуваше Биби. ...
Тој ден беше сe` само не обичен... ќе прашате зошто? Или можеби веќе знаете? Хе-хе, така е, денот беше најнеобичен затоа што на Биби ѝ беше роденден! А кога на Биби ѝ е роденден, се случуваат најнеобични нешта...