Регистрирај се и продолжи со купување!
Животните во шумата се во потрага по некого: „Каде е неговото величество? Сте го виделе ли некаде?“ - мрморат додека талкаат по шумата. „Кого ли го бараат?“ - се прашуваат Биби и Боби и се придружуваат во потрагата по најнеобичниот крал на животните што постои. Зошто и како - ќе откриете во оваа сказна.
О не! Каде е црното маче? Заталка бркајќи една пеперутка и... никој не знае што случи со него. Филимена е загрижена, но Биби и Боби се секогаш тука да ѝ помогнат.
Убав сончев ден во волшебната шума. Деси се брка со шарените риби и водни змии во малото шумско езерце. Нуркајќи во длабочината, таа наоѓа голем и преубав бисер во една џиновска школка. Деси одлучува да го зачува бисерот за себе, но... одеднаш сè се смрачува, а во езерцето се креваат големи бранови! За среќа, тука се Биби и Боби да помогнат... а што се случува потоа – ќе дознаете во оваа сликовница.
Одењето на заболекар секогаш е „интересно“ искуство за децата. Често кај нив може да се појават емоции на страв. Од „Книгата на емоции“ дознајте како нашите јунаци Биби и Боби го надминуваат ова чувство. Предлог-активност: Зборувајте со децата за редовното одење на заболекар преку искуството на Боби и Биби.