Во волшебната шума се доселуваат нови, необични жители. Какви? Па... мошне мрзлив(ц)и! Сите освен еден, кој е поинаков од нив. Не бидете мрзливи и прочитајте веднаш како Боби и малиот мрзливец Мики си ги заменија местата и што се случуваше потоа...
Биби и Боби го поминуваат зимскиот распуст на планина: се скијаат, се санкаат и играат во снегот. Но, откако ќе откријат пештера скриена во снегот, почнува нивната неверојатна авантура - во скриениот град Мразилово каде што ги чекаат необичните жители, но и некои стари пријатели...
Убав, летен ден во волшебната шума. Птиците црцореа, пеперутките летаа, зајачињата играа криенка... 🐇🐇🐇 Но, каков е тој звук? Дали доаѓа од она големо дрво? - Хе хеу! Успеавмееее! - од крошната на дрвото се слушна гласот на Боби. - Јееј! Куќичката на дрво е готова! - веднаш по него допре и гласот на Биби