Како се игра „Што сум јас?“Оваа игра е за 2 играчи. Сетот содржи 60 картички, табла, жетони за помош и очила. Картичките содржат поими од неколку категории: животни, предмети, храна и професии.Првиот играч влече една картичка од купот и ја закачува на своите очила без да ја види. Тој поставува прашања на кои другиот играч одговара со да или не (на пример: Дали сум животно? Дали живеам на фарма? Дали јадам трева? Дали сум опасно за другите?) Фигурите за играње се Зази и Зина. Зази почнува од портокаловото поле СТАРТ, а Зина од синото поле СТАРТ. Доколку играчот погоди, оди две полиња напред на таблата, доколку не успее да погоди, се враќа едно поле назад.Победник е тој што прв ќе стигне до Биби или Боби.Помош: секој играч има право да искористи два жетони за помош. Доколку играчот бара помош, другиот кажува збор или реченица со најпрепознатливата карактеристика на поимот (на пример: Имаш долг врат, асоцијација за жирафа). Ако погоди со помошта, тогаш играчот оди само едно поле напред.Играта може да се игра и без таблата, на пример, за време на патувања, вечера или слично и тогаш може да учествуваат повеќе играчи.
Книга со активности наменета за деца од второ одделение
„Бинго со букви“ е возбудлива фамилијарна игра со која децата можат да ја научат азбуката бидејќи секоја буква е претставена со слика.