Регистрирај се и продолжи со купување!
Луна ги кани Биби и Боби да ѝ се придружат на интересен излет - во самовилската ливада. Биби и Боби се љубопитни да дознаат повеќе за ливадата и по што е таа посебна, а што ќе откријат и со кого ќе се сретнат таму - ќе дознаете кога ќе ја прочитате оваа сказна.
Летна авантура на брегот на Охридското Езеро. Биби и Боби ја запознаваат својата нова другарка Деси и заедно откриваат нови начини за забавување и уживање. Врр навака - вррр натака, тие пловат по водите на езерото. Нашите херои пронаоѓаат решение како Деси повеќе да не мора да се крие во длабочините на езерото и повикуваат пријателка на помош за да го спроведат својот план. Волшебната шумичка станува побогата за уште еден жител, а и игрите стануваат позабавни. Во сликовницата се вклучени голем број забавни активности.
Си беше еднаш еден змеј… но каков змеј? Страшен и лош или сладок и добар? Иако најдобри другари, Биби и Боби не можат да се согласат околу многу нешта (а особено околу тоа какви се змејовите во сказните). Тие дури и почнуваат да се караат, сè додека заедно не раскажат една волшебна, прекрасна, возбудлива сказна…
Во оваа сликовница нашата хероина Биби се запознава со џиновите, на кои несомнено им е потребна нејзината помош. Таа ги учи своите нови пријатели дека перењето, чистењето, раскревањето, но и грижата за личната хигиена се активности што не смеат да се избегнуваат, без разлика на полот, ниту возрастта. Во сликовницата се вклучени и голем број забавни активности.
Возбудлива прошетка на Биби и Боби во шумата. Нашите другарчиња ќе нѐ научат да бидеме внимателни, да си помагаме кога е потребно, но и да бидеме умерени. Никогаш не земајте го она што не е ваше без да прашате - вели Биби. Тоа може да ви донесе непријатности како на Боби. Во сликовницата се вклучени и голем број интересни активности.
Биби и Боби запознаваат ново другарче – Крокодилчето Локо, кое има своја магична лабораторија каде создава неверојатни играчки. Заедно со Локо ќе доживеат забавни авантури полни со магија, креативни изуми и многу насмевки, додека децата преку приказната учат за соработка, фантазија и создавање нови нешта.