Регистрирај се и продолжи со купување!
Убав сончев ден во волшебната шума. Деси се брка со шарените риби и водни змии во малото шумско езерце. Нуркајќи во длабочината, таа наоѓа голем и преубав бисер во една џиновска школка. Деси одлучува да го зачува бисерот за себе, но... одеднаш сè се смрачува, а во езерцето се креваат големи бранови! За среќа, тука се Биби и Боби да помогнат... а што се случува потоа – ќе дознаете во оваа сликовница.
Биби и Боби овој пат се впуштаат во нова авантура во која се вистински другари кои заедно сакаат да му помогнат на едно мало палаво јајце. Приказната ќе ги научи децата дека треба да бидат внимателни и да ги слушаат повозрасните и поискусните кога ги подучуваат.
Животните во шумата се во потрага по некого: „Каде е неговото величество? Сте го виделе ли некаде?“ - мрморат додека талкаат по шумата. „Кого ли го бараат?“ - се прашуваат Биби и Боби и се придружуваат во потрагата по најнеобичниот крал на животните што постои. Зошто и како - ќе откриете во оваа сказна.
Во волшебната шума се доселуваат нови, необични жители. Какви? Па... мошне мрзлив(ц)и! Сите освен еден, кој е поинаков од нив. Не бидете мрзливи и прочитајте веднаш како Боби и малиот мрзливец Мики си ги заменија местата и што се случуваше потоа...
Убав сончев ден. Биби, Боби, Зази, Зина и Р1 шетаат низ градот. Поминуваат покрај природонаучниот музеј и... одеднаш се слуша силен аларм, а од музејот истрчуваат – три зазулчиња (и еден мал камен – метеор – во раце кај едното од нив)! По нив трча чуварот на музејот. Биби и Боби се шокирани. Што ли зеле тие зазулчиња❓
Што ќе се случи кога ќе се спојат две древни јапонски вештини? Борачката вештина - карате и вештината на пишување јапонска хаику поезија - со која треба да владее секој добар каратист.