Регистрирај се и продолжи со купување!
Другарчиња, сте чуле ли за новата жителка на волшебната шума? Не? Значи не знаете за хаосот што го направи таа... Дури и во сликовницава! Многу е мала, а многу е немирна, трча наоколу и се губи. Ќе ни помогнете ли да ја најдеме? Да? Јееј!
Што е тоа? Дали навистина Боби направи роботче!? Јипирипи! Со помош на Зина, Зази и Биби, роботчето Р1 оживува и почнува да прави неверојатни работи. Тоа не само што ја претвори гаражата на Боби во суперопремена лабораторија, туку отвара и - портал! Портал што ќе ги однесе Биби, Боби. Зази и Зина... Каде? Ќе прочитате во оваа книга...
Биби, Боби наоѓаат пештера на волшебната планина. Веќе ја знаете оваа приказна? Но, еве едно изненадување: пештерата не е пештера, туку рудник, а во него живее осамено, ископувајќи скапоцени камења, џуџето Џемаил. Што ќе се случи понатаму, ќе прочитате во оваа сказна.
Биби и Боби тргнуваат во нова авантура, верувале или не, во местото наречено скриената долина! А какви се жителите на скриената долина и кое и какво е нивното ново другарче Алфеј, ќе откриете во оваа сказна....
Биби и Боби го поминуваат зимскиот распуст на планина: се скијаат, се санкаат и играат во снегот. Но, откако ќе откријат пештера скриена во снегот, почнува нивната неверојатна авантура - во скриениот град Мразилово каде што ги чекаат необичните жители, но и некои стари пријатели...
Убав, летен ден во волшебната шума. Птиците црцореа, пеперутките летаа, зајачињата играа криенка... 🐇🐇🐇 Но, каков е тој звук? Дали доаѓа од она големо дрво? - Хе хеу! Успеавмееее! - од крошната на дрвото се слушна гласот на Боби. - Јееј! Куќичката на дрво е готова! - веднаш по него допре и гласот на Биби