Регистрирај се и продолжи со купување!
Убав, летен ден во волшебната шума. Птиците црцореа, пеперутките летаа, зајачињата играа криенка... 🐇🐇🐇 Но, каков е тој звук? Дали доаѓа од она големо дрво? - Хе хеу! Успеавмееее! - од крошната на дрвото се слушна гласот на Боби. - Јееј! Куќичката на дрво е готова! - веднаш по него допре и гласот на Биби
Запознај го Алфеј! Едиција од картонски книги наменети за нашите најмали обожаватели.
Возбудлива прошетка на Биби и Боби во шумата. Нашите другарчиња ќе нѐ научат да бидеме внимателни, да си помагаме кога е потребно, но и да бидеме умерени. Никогаш не земајте го она што не е ваше без да прашате - вели Биби. Тоа може да ви донесе непријатности како на Боби. Во сликовницата се вклучени и голем број интересни активности.
Запознај ја Биби! Картонска едиција со ликовите од „Светот на Биби“ за најмалите наши обожаватели.
Во оваа сликовница нашата хероина Биби се запознава со џиновите, на кои несомнено им е потребна нејзината помош. Таа ги учи своите нови пријатели дека перењето, чистењето, раскревањето, но и грижата за личната хигиена се активности што не смеат да се избегнуваат, без разлика на полот, ниту возрастта. Во сликовницата се вклучени и голем број забавни активности.
Одењето на заболекар секогаш е „интересно“ искуство за децата. Често кај нив може да се појават емоции на страв. Од „Книгата на емоции“ дознајте како нашите јунаци Биби и Боби го надминуваат ова чувство. Предлог-активност: Зборувајте со децата за редовното одење на заболекар преку искуството на Боби и Биби.