Регистрирај се и продолжи со купување!
Цела шума е на нозе! Револуција и одбрана на најстариот чинар, каде што се прави највкусното кремче! Ќе го спасиме ли древното дрво од лошиот ловец и неговиот багер?
Биби и Боби заедно со Фи и Бу тргнаа во магична пролетна авантура. Тие се тим што има многу важна мисија. Ќе успеат ли да ја победат лошата вештерка и да ја вратат пролетта во преубавиот Галичник.
Прекрасна, волшебна, снежна авантура на Биби, Боби и еден неверојатен, фантастичен, односно снешкастичен - снешко! А зошто е толку снешкастичен, ќе откриете читајќи ја оваа сказна.
Биби и Боби ја истражуваат големата пустина Тоби јавајќи камили. Но, кога ќе стигнат до пирамидите, палавкото Боби ќе почне да прави бељи и... ЦАП - одеднаш ќе го зграпчи една џиновска шепа! Чија - ќе дознаете во оваа книга.
Биби, Боби и малата вештерка Фи неколку ноќи по ред гледаа едно светленце во шумата, но од каде доаѓаше? И дали знаете дека во Волшебната шума има еден стар, напуштен замок во кој никој не се осмелува да влезе? А кој живее таму? Прочитајте ја оваа возбудлива приказна за да дознаете!
О не! Каде е црното маче? Заталка бркајќи една пеперутка и... никој не знае што случи со него. Филимена е загрижена, но Биби и Боби се секогаш тука да ѝ помогнат.