Специјално припремена пишуванка наменета да се олесни процесот на учење преку примери од зборчиња кои децата веќе ги знаат од содржините на „Светот на Биби“. Нашата сезнајка им дава можност на дечињата заедно да ги пишуваат зборовите во почетокот, но потоа ги осамостојува тоа да го прават и сами.
Комбинација од прирачник за правилно добивање и користење на боите и место каде децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Сказните на Биби“.
Другарчиња, со „Книга на знаења“ ќе се забавуваме и ќе научиме многу нови работи - Местоположба на нештата околу нас: Што е горе, а што долу? Што е лево, а што денсно? Што е блиску, а што далеку? Што е под, над, во и помеѓу... - Споредба на нештата: Што е помало, а што поголемо? Што е високо, а што ниско? Што е долго, а што кратко? - Ќе дознаеме и многу работи за светот околу нас, за човечкото тело, за годишните времиња, месеците во годината, за природата, растенијата и животните... Јееј!